Јанакиески повикан на распит во Обвинителството

Од:

Поранешниот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, е повикан на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Тој е осомничен дека го организирал упадот во Законодавниот дом.

Во февруари на Јанкиески му беше определен куќен притвор поради опасност од бегство и влијание врз истрагата.

Обвинителството на почетокот на годинава отвори истрага против пет лица кои се сомничат дека се организатори на упадот.

Освен Јанакиески, како организатори се осомничени и експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовки и Никола Бошкоски, поранешен вработен во УБК, кој е во бегство.

Неделава на распит во Обвинителството беше и Вељаноски, кој по излегувањето од зградата кусо рече дека се одѕвал на поканата и дека не направил увид во доказите.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски