Јакуповиќ: Имаме режим за рушење во Р. Македонија кој ги дава последните знаци на опстојување

Од:

„Прочитав премногу недолични коментари, од поддржувачите на актуелното раководство и од критикувачите на актуелното раководство.

Добив премногу прозивки и прашања за мојот став околу последните случувања во братска, пријателска Р.Турција.

Мојот став е: нашите браќа и пријатели кои живеат во Р.Турција имаат државнички, морален огромен капацитет да препознаат и одлучат што е најдобро за нивната држава и нивниот народ.

Не правете го тоа што не сакате да ви го прават. (Протестирате поради мешање на други интереси на држави и народи во нашата татковина, недвосмислено се мешате во интересот исклучиво на сопствениот народ во Р.Турција)

Пријатели, би пишувал со денови да ве запознаам со проблемите на нашите сограѓани, браќа, сестри, другари, другарки: Турци, Роми, Албанци, Македонци, Власи, Босанци, Срби, Бугари и сите останати заедници во Р. Македонија, можеби кога овие проблеми нема да постојат ќе имам морален кредибилитет да говорам за проблемите пошироко од нашата татковина, дотогаш извинетеме што нема да манипулирам или бидам манипулиран со недолични коментари..

Имаме режим за рушење во Р. Македонија кој ги дава последните знаци на опстојување, РЕЖИМОТ МОРА ДА ПАДНЕ!
Посакувам, поддржувам: демократска, културолошки, образовно, економски, здравствено, силна Р. Македонија. (истите здрави навики му ги посакувам на целиот свет)“, се вели во соопштението на Един Јакуповиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски