Јакнење на капацитетите на младите за социјално претприемништвото

Од:

Едукација, подигнување на свеста, засилување на капацитетот и знаењето на младите луѓе за концептот на социјално претприемништвото е фокусот на проектот “DIVE deeper into Social Entrepreneurship”, што се имплементира во организација на Младински Сојуз – Крушево, а со финансиска поддршка од Еразмус и програмата на Европска унија.

Дваесет и пет млади луѓе од Македонија, Грција, Турција, Бугарија, Романија, Португалија, Јужна Африка, Костарика и Перу од 21-ви до 27-ми јануари ќе бидат обучувани во Крушево за социјално претприемништво. Нивни едукатори ќе бидат младински работници од Турција и Јужна Африка со екстензивно искуство во невладиниот ресор и социјалното претприемништво.

Главна цел на проектот е преку имплементација на различни работилници, младите да ги зајакнат своите способности и знаење за решавање на проблемот на младинска невработеност, односно создавање на кооперативна, инспиративна и поддржувачка социјална и деловна клима и обезбедување квалитетни активности, коишто ќе им овозможат развивање на компетенции во областа на социјалното претприемништво.

„Dive deeper into Social Entrepreneurship“ е всушност втората едиција од истоимениот проект, којшто цели и кон зајакнување на соработката и размената на добри практики во областа на младинското социјално претприемништво, помеѓу земјите-партнери од различни континенти во светот.

“Додека првото издание се фокусираше на разбирање што е социјално претпријатие за млади луѓе, второто издание оди” подлабоко “и се фокусираме на обуки за теми како што се “генерирање на идеи, правни форми на бизнис, младински политики и финансирање за почеток. Младите Јужноафриканци ќе ги стекнат овие вештини и алатки за да ги имплементираат во своите социјални претпријатија дома “, вели Белиса Родригес, основач на Belle and Company, Јужна Африка и една од едукаторите на обуката.

Во текот на наредните 13 месеци Младински Сојуз – Крушево како водечка организација ќе имплементира дел од проектните активности и во Бугарија, Романија, Португалија како и во интерконтиненталните земји.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски