Јакимовски најави гасификација и замена на азбестните покриви во Карпош

Од:

Кандидатот за градоначалник на Српската напредна странка за општина Карпош, Стевчо Јакимовски вечерва имаше средба со жителите на населбата Тафталиџе.

Најави гасификација на општината и формирање на фонд за реконструкција на азбестните покриви во домовите.

– Сите оние што имаат азбесни покриви ќе почнат да аплицираат и заеднички да вршиме нивна замена. За високите згради ќе формираме сопствен сервис со којшто ќе ги реконструираме лифтовите затоа што тоа станува сериозно безбедносно прашање, рече Јакимовски.

Тој одржа и митинг во населбата Карпош 3 каде ги претстави својата визија и плановите за развој на општината. Вети изградба на културни домови, спортски сали и стимулирање на млади претприемачи преку ослободување на такси и давачки доколку вработат над 70 проценти од жителите на Карпош.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија