Јакимовски: Карпош инвестира во образование, не во златни коњи

Од:

Парите од продажбата на општинската зграда не ги потрошивме за споменици, златни коњи, скапи огради и жални врби, туку Општина Карпош инвестираше во иднината, а тоа е квалитетното образование на најмладите, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

На стартот на новата учебна година, Јакимовски рече дека се изградени и реконструирани шест основни училишта во изминатите два месеци.

– Основното училиште „Братство и Единство“ е изградено од темел. Учениците од населбата Тафталиџе 2 и Нерези добија комлетно нова училишна зграда со најсовремена опрема. Целата инвестиција на училиштето е околу 70 милиони денари. Основното училиште „Аврам Писевски“ во Бардовци доби нов покрив, нови прозори и целосна термички изолирана фасада, за што се потрошени околу 8,5 милиони денари. Основните училишта „Христијан Тодоровски-Карпош“ и „Вера Циривири-Трена“ се темелно реконструирани, а обновата ја чинеше Општината околу 40 милиони денари.

Основното училиште „Војдан Чернодрински“ е исто така целосно реконструирано и вредноста на градежните зафати чини околу 8 милиони денари – истакна градоначалникот на Карпош.

Во тек е реконструкцијата и на основното училиште „Владо Тасевски“ каде што се менува покривот, прозорите и се прави нова фасада. Вредноста на инвестицијата е околу 17 милиони денарии.

Вкупната инвестиција за изградбата и реконструкцијата на овие шест основни училишта изнесува околу 2,5 милиони евра.

– Имајќи во предвид дека мината година беа реконструирани и основните училишта „Димо Хаџи Димов“, „Петар поп Арсов“ и „Лазо Трповски“, а реконструкцијата на дел од спортската сала и нова изолација на основното училиште „Јан Амос Коменски“ ќе се направи во текот на септември, можам да кажам дека 5.000 ученици во сите 10 основни училишта во Општина Карпош, на првиот училишен ден ќе влезат во нови објекти посочи Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он