Јакимовски: До вчера бевме заедно, а сега Стевчо не чини

Од:

Стевчо Јакимовски, кандидатот за градоначалник на општина Карпош, попладнево реагираше на соопштението на СДСМ со кое го партијата го обвинува за реваншизам.

– Уште еднаш кажуваме дека Ненад Куч не е избркан од работа, туку не му е продолжен договорот за работа.Тој подолго време се однесувал „комотно“ и несовесно на работното место кое му е доверено и кое е исклучително одговорно што резултираше со тоа договорот за работа да не му се продолжи. Тој не е обвинет дека е директно виновен за кражбата на телевизорот плазма. Конечно тоа е работа на полицијата и истрагата ќе покаже и ќе открие кој е виновникот – се вели во реакцијата на Јакимовски.

Тој на СДСМ им порачува дека без разлика на сè, најголемиот дел од жителите на Карпош веруваат во него.

– Што се однесува до констатацијата „с ким си- такав си“ тоа е мошне интересна констатација бидејќи до вчера сите бевме заедно, а сега одеднаш Стевчо Јакимовски не чини, а сепак најголемиот дел од жителите на Карпош гласаат и веруваат во него – вели Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар