Јакимовска ја замолче Бонева, и го исклучи микрофонот

Од:

Потпретседателката на Собранието, Светлана Јакимовска, кадар на ВМРО-ДПМНЕ и го исклучи микрофонот на Силвана Бонева, која се јави за процедурална забелешка, а всушност сакаше да му одговари на Јани Макрадули.

„Со дискусиите на ВМРО-ДПМНЕ и со негирањето на Глигоров, се задава уште еден удар врз државноста и македонскиот идентитет. Македонија не смее да биде зафатена од болниот ум за антиквизација“, укажа Макрадули.

„Заборавате дека порано живеевме во едно тоталитаристичко време, а творец беше и Киро Глигоров“, реплицираше Силвана Бонева.

„Кога МАНУ побара, или вие од МАНУ побаравте да ја каже историската вредност на Тодор Александров, Ванчо Михајлов и Мара Бунева за кои вие крадете пари и им градите споменици.Вие ли сте таа Силвана Бонева, за која бугарски европратеник кажа дека сте се изјаснувале како Бугарка“, ја праша Макрадули.

На ова следуваа довикувања и кавги во собраниската сала, и ја испровоцирaа Бонева.

За Илија Димовски, Глигоров има заслуги, но сите негови одлуки не се позитивни, треба да се слави делото на Глигоров, но тоа да биде балансирано.

Александар Николовски забележа дека е неопходно помирување, а не да се дебатира за историјата.

„Ванчо Михајлов по налог на Мусолини, Анте Павелиќ, и Хитлер, слета во Скопје да направи фашистичка држава, а вие го славите и восочна фигура му правите. Е за ова не може помирување. За разлика од Ванчо Михајлов, за Петре Пирузе немало и ќе нема никаков проблем да се слави“, реплицираше Игор Ивановски.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски