Јаким Неделков: Родителите да не ги пуштаат децата во училиште за време на штрајкот

Од:

И покрај жестоките притисоци, Синдикатот на вработените во образование, наука и култура, не ја менува одлуката и ќе го организира штрајкот во понеделник на 29 септември.

СОНК им препорачува на родителите добро да размислат дали на денот на штрајкот на наставниците ќе ги пуштат учениците на настава.

-Досега како синдикат немавме никакви разговори во ресорните Министерства за образование и наука и за култура – таму останаа глуви на нашите повици и барања дека има потреба од социјален дијалог, како одговор добивме само молк и игнорирање, заради овие причини бараме родителите сами да проценат и сами да го поднесат ризикот да ги праќаат децата на училиште кога наставниците ќе штрајкуваат, вели за А1 он, Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Во некои општини, родителите на учениците биле убедувани дека иако некои наставници ќе штрајкуваат, ќе биле обезбедени други лица да ја водат наставата.

Но, кои се тие луѓе што ќе работат со децата? Какви се нивните квалификации? Дали родителите ќе ризикуваат децата да ги предадат на некои луѓе што не ги познаваат, вели Неделков.

Тој потврдува дека жестоките притисоци врз наставниците се засилуваат како што се ближи датумот на штрајкот.

– Во локалните самоуправи каде на власт е еден коалиционен партнер од владата, наставниците се изложени на закани и силни притисоци, додека пак во општините каде е другиот коалиционен партнер, директорите на училиштата се однесуваат многу покоректно. Така беше досега и не гледам причини тоа да се промени, вели Неделков.

Според првиот човек на СОНК, еден дел од наставниците нема да излезат на штрајк пред се’ заради жестоките притисоци од директорите на училиштата и други партиски функциониери, но и заради тоа што провладините медиуми објавувале дека штрајкот е откажан. Сепак, според него, штрајкот во понеделник ќе биде масовен.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски