Јагнула Куновска кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кандидатот за градоначалник на Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска на претстојните локални избори ќе настапи со слоганот „Да го вратиме Карпош во Скопје“.

На денешната промоција, Куновска рече дека на Карпош му се потребни нови идеи и економска визија. Најави дека ќе се бори за инвестиции во општината со успешен тим на соработници.
Според неа, на општината и е потребен човек зад кој стои принципот „ветено- сторено“.

– Давам завет дека Карпош може многу повеќе и многу подобро, од влајковизијата која со години го затвара видикот на човековиот поглед. Мојата визија за општината не е во просечното. Време е да избегаме од просечното и летаргичното, време е за промени, рече Куновска.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар