Јагнула Куновска го претстави проектот „Општината ги стипендира најдобрите“

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Јагнула Куновска денеска најави дека талентираните спортисти и ученици ќе добиваат по шест илјади денари месечно во рамки на проектот „Општината ги стипендира најдобрите“.

– Досега се даваа од две до четири илјади денари месечно за најмногу 110 деца. Во нашиот проект предвидовме 100 процентно зголемување. Талентираните спортисти и ученици ќе добиваат по 6 илјади денари месечно, рече на денешната прес-конференција Куновска.

Проектот ќе се реализира во периодот од 2013-2017 година, а од општинската каса ќе се издвојат шест милиони денари, распоредени во 10 месеци.

– Децата ќе земаат стипендија од 1 септември до 20 јуни секоја година. Целта на овој проект е да го поттикнеме засилувањето на свеста кај граѓаните за значењето на образовниот процес и спортот. Со тоа ќе создадеме здрави и образовани поколенија, рече Куновска.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар