Ја киднапирал да му биде жена, дечкото демантира

Од:

Вчера во СВР – Штип се пријавиле З.Е.(1991) од с. Шашаварлија-Штип и Ч.С.(1991) од с. Мемешли – Струмица, која на 24.01.2013 година била пријавена како исчезнато лице.

Од страна на УПС со Ч.С. бил обавен разговор, при што истата изјавила дека на 24.01.2013 година околу 16,00 часот додека со нејзиниот мопед се враќала од работа, на земјен пат пред с.Мемишли била пречекана од З.Е., со кого била во љубовна врска околу 5 месеци и истиот со намера да ја присили да му биде сопруга, заедно уште со две лица со употреба на сила ја внеле во неговото ПМВ “Опел Астра“, по што пријавениот ги оставил двете лица и без нејзина согласност со возилото ја однел на непозната локација, каде во наведеното возило, откако и ја соблекол облеката извршил полови дејствија врз оштетената, но без да изврши обљуба. О

д страна на УПС бил обавен разговор со З.Е., кој ги потврдил наводите, но негирал дека со употреба на сила сакал да ја грабне, туку се договориле таа доброволно да замине со него и да му биде сопруга, но во меѓувреме се премислила.

Од страна на ПС од ОКТ при СВР-Штип бил извршен преглед на наведеното ПМВ, каде се пронајдени траги и предмети од оштетената, односно нејзиниот мобилен телефон и облека.

На Ч.С. во КБ-Штип, на гинеколошко одделение и е извршен медицинско-гинеколошки преглед, при што не се констатирани повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи