Извршено примопредавање на претседателскиот кабинет во ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска изврши примопредавање на кабинетот на новиот лидер на партијата, Христијан Мицкоски. Груевски му посака успех во работата на Мицкоски, истакнувајќи дека членството очекува мудрост и разум во одлучувањето, како и решителност во справувањето со предизвиците наметнати од Владата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски посочи дека водењето на ВМРО-ДПМНЕ преставува голема чест и предизвик, дека ќе биде максимално насочен кон исполнување на очекувањата и креирање на понуда за она што се очекува од ВМРО-ДПМНЕ да биде одговорна опозиција и жесток критичар на сите неразумни политики од владата.

– Приоритет ќе биде зајакнувањето на партијата, а силното ВМРО-ДПМНЕ ќе преставува фактор во креирањето на стабилна иднина на државата, заштита на интересите на државата, и воспоставување на економски просперитет потребен на граѓаните, како и градење на мостови на соработка, истакна Мицкоски

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?