Министерството за внатрешни работи денеска информираше дека е лишено од слобода лицето Д.Ч.(35) од Битола, бидејќи при претрес на неговиот дом биле пронајдени и одземени пакувања со амфетамин, повеќе таблетки во различни бои, семки од растението канабис и дигитална вага.
– На септември 2021 во 17.00 часот на ул.„Кланица“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Д.Ч.(35) од Битола. При претреси во неговиот дом во Битола и во неговата викенд куќата во с.Карамани, битолско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со амфетамин, повеќе таблетки во различни бои, семки од растението канабис и дигитална вага, наведоа од МВР.
Од МВР додадоа дека лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.