Извршена и втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани преку Црвениот Крст

Од:

Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РСМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482,00 денари. Досега Црвениот крст на РСМ изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата. Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите семејства од трагичната несреќа во Кочани. Од двата трансфери вкупно се исплатени 60.850.000,00 денари од досегашните донирани средства.

Во соработка со внатрешните професионални институции во државата, како и надлежните министерства и Владата, кои ги покриваат прашањата на проценките на видовите на штети во вакви ситуации, се работи на изнаоѓање на пристап кој ќе се примени во понатамошна дистрибуција на средствата кои се собираат во Црвениот крст, кој ќе значи реална поддршка во вистинско време за лекување и справување со последиците од катастрофата, за што благовремено ќе ве информираме.

Поради сè уште големиот интерес за донирање, апелот за собирање на средства продолжува и понатаму.

Црвениот крст заедно со нашите партнери продолжува со испораката на психосоцијална и друга поддршка на настраданото население.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа