Известување за притисок врз скопското вишо јавно обвинителството доставено до Советот на јавни обвинители

Од:

Претседателката на Советот на јавни обвинители, Душица Димитриеска, денека изјави дека е примено известување од Вишото јавно обвинителство Скопје дека се врши притисок врз работата на обвинителството.

– Известувањето е доставено од страна на вишиот обвинител, сите понатамошни постапувања и преземени дејствија, ќе бидат споделени. Во однос на содржината, не можам да ја споделам пред да се запознаат членовите, рече таа.

По денешната седница, таа, исто така, информираше дека републичкиот обвинител Љупчо Коцевски ги информирал членовите на Советот дека ја проверува работата на сите четири виши обвинителства.

Коцевски претходно преку соопштение ги отфрли тврдењата на шефот на вишото скопско обвинителство Мустафа Хајрулахи за наводно мешање во предмет во кој повеќе од еден месец постапувало Вишото јавно обвинителство Скопје.

Тој изјави дека има обврска, првпат после повеќе од четири години, да изврши надзор над работата на Вишото јавно обвинителство Скопје поради информации и пресуди од Врховниот суд кои укажуваат на можно нестручно работење и пријави за закани и притисоци кон вработени во обвинителството.

До крајот на месецот, контроли ќе бидат извршени и во сите останати виши јавни обвинителства и во ОЈОГОКК. Коцевски очекува нападите кон него да продолжат со уште поголем интензитет, особено од лица кои со вакви обвинителски одлуки се спасиле од кривичен прогон.

Би можело да ве интересира

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите