Известувачот Ла Ру загрижен за состојбата за медиумите во Македонија

Од:

Френк Ла Ру, специјалниот известувач на ОН за слободата на мислење и изразување е загрижен поради влошеноста на просторот за независните медиуми во Македонија и вознемирен поради појавата на говор на омраза. Тој во текот на вчерашниот ден го претстави извештајот пред Советот за човекови права на ОН за неговата посета на Македонија во јуни 2013.

– Усвојувањето на прекумерните казни против медиумите кои ја критикуваат власта, има негативно влијание кое оди многу подалеку од директна штета на групите медиуми или новинари кои се замолчени. Во оваа смисла, специјалниот известувач беше, исто така, сериозно загрижен од обвинувањата во врска со мешањето на државните органи во независноста на регулаторните тела и на судскиот систем – стои во извештајот.

Г-дин Ла Ру препорача државата внимателно да ги испита сите наводи во врска со произволно спроведување на несразмерни казни против медиумите и ја повика да одржува проактивно водство во борбата против сите форми на дискриминација, внимателно да ги испита сите епизоди на насилство и заплашување против малцинските заедници и политичките власти формално да ги отфрлат сите форми на поттикнување на омраза.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ