А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Извештајот за загинувањето на претседателот Трајковски испратен во Македонија

by А1он28/11/2014 - 09:21177
Share0

До властите во Македонија е испратен извештајот за падот на авионот во кој во 2004 година во Бсна и Херцеговина загина претседателот Борис Трајковски, изјавил шефот на истражниот тим за утврдување на причините за авионската несреќа Омер Кулиќ за агенцијата Срна.

Добивај вести на вибер

Тој посочил дека до средината на декември изавештајот ќе биде подготвен и за претставување пред јавноста во БиХ.

– Тоа е наша меѓународна обврска. Ги чекаме нивните коментари кои ќе пристигнат во текот на наредната седмица, по што извештајот во завршна форма ќе биде отпечатен, прецизирал Кулиќ, пренесе ТВ Ал џезира Балкан.

Завршниот извештај за падот на авионот, како што претходно најави Кулиќ, прво ќе биде предаден на Советот на министри и на главниот обвинител на БиХ. Потоа, ќе биде проследен до македонските власти и македонскиот главен јавен обвинител.

Кулиќ, објавуваат босанските медиуми, рекол дека неговиот тим во целост успеал да ја утврди причината за падот на авионот и загинувањето на макеоднскиот претседател Трајковски.

– Точно утврдивме што се случило. Сите актери во тој настан во истрагата се опфатени, но не смеам да кажам кој е одговорен. Нашата задача е да испитаме како се случил падот на авионот, тоа ќе му го кажеме и на нашиот и на македонскиот обвинител, а нивна е одлуката што ќе прават понатаму, затоа што тоа се светски стандарди во ваквите активности, појаснил тогаш Кулиќ.

boris trajkovski

Би можело да ве интересира

Отворен конкурсот за стипендиите „Борис Трајковски“ за Пан-европската МБА програма

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 15:44

Дваесет и една година од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

Катерина Ѓуровски26/02/2025 - 07:40

ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Анита Петровска Рајковиќ19/07/2023 - 12:1319/07/2023 - 13:45

ВИДЕО: Одбележана годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска26/02/2022 - 14:1926/02/2022 - 14:49

Државниот врв денеска ја одбележува годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски

Ана Ололовска26/02/2022 - 11:27

Борис Трајковски, Киро Глигоров и Никола Кљусев најпопуларни политичари во изминатите три децении

А1он27/09/2021 - 17:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен