Извештајот за работата на Агенцијата за администрација пред Комисијата за политички систем

Од:

Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ја продолжи расправата по Извештајот за работата на Агенцијата за администрација за 2016 година.

Благојче Трпевски од СДСМ рече дека во извештајот се покажува недостиг на волја кај Агенцијата реално да се прикаже состојбата во нејзиното работење. Според него, во извештајот видлив е недостигот на отчетост, има превработеност во јавната администрација, како и политизација.

– Од прикажаните податоци во точката буџет ставена во извештајот за 2015 година, буџетот на Агенцијата изнесувал 42,4 милиони денари од кои 27,6 милиони денари се плати и надоместоци, додека за 2016 година буџетот изнесува 44,3 милиони денари од кои 30,5 милиони денари се наменети за плати и надоместоци, рече Трпевски.

Посочи дека не постојат податоци за бројот на лица вработени во јавната администрација во Република Македонија.

– Неопходна е темелна реформа на јавниот сектор и намалување на бројот на вработени во оние сегменти во кои има превработесност. Јавната администрација е предмет на политичко влијание. Треба да се направат дополнителни напори за обезбедување на принципите на транспареност, одговорност, наградување според заслуги, правична застапеност, а не според партиска припадност, додаде Трпевски.

Реплицирајќи на излагањето на Трпевски, Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека почитувано е начелото за соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците кои не се мнозинство во Македонија, а околу департизацијата на работењето на СДСМ за овие две три недели, посочи, докажува и фактот што потпретседатели на СДСМ се и министри во Владата.

Катерина Кузмановска од СДСМ истакна дека има партизирана и превработена администрација која нема објективност и ефикасност и е голем товар за целата економија. Таа изрази надеж дека во наредниот период ќе се создаде ефиканска администрација и флексибилно работно време.

На излагањето на Кузмановска реплицираше Ласовска која рече дека во 2005 година ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде на власт наследило 38 проценти невработеност и со сите политики за овие 11 години ја свеле невработеноста на 22,9 проценти. Според неа, се уште е голем процентот на невработеност и треба да се работи на таа тема.

На дневен ред на Комисијата за политички систем е и Извештајот за работата на Судскиот буџетски совет за 2016 година, како и годишните извештаи за работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Државната комисија за спречување на корупцијата и Комисијата за воедначување на казнената политика.

Би можело да ве интересира

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он