Извештајот на ЕК пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

Од:

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците на денешната седница заклучи дека Ивештајот на Европската комисија за остварениот напредок на Република Македонија за 2014 година е прифатлив и може да се даде на натамошна постапка во Собранието.

Членовите на комисијата беа едногласни дека предлог-законот за дополнување и изменување на Законот за извршување на санкциите и на Законот за судски такси, во прво читање, се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање во Собранието на Република Македонија.

Претседателот на комисијата Влатко Ѓорчев истакна дека Република Македонија по 6-ти пат добива препорака за почеток на преговорите со ЕУ за полноправно членство, но, подвлече, доколку не беа блокадите од страна на Грција големи беа шансите земјава веќе да беше членка на Унијата, затоа што ги исполни сите критериуми и услови за членство и во Унијата и во НАТО.

На денешната седница членовите на комисијата оценија дека најверојатно одговорот во декември за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ ќе биде негативен.

Замениците министри за правда и за информатичко општество и јавна администрација Билјана Бошкоска-Бришковска и Марта Томовска-Арсовска на седницата говореа за активностите во ресорните министерства во однос на деловите адресирани во Извештајот за политичките критериуми.

Според пратеничката Роза Топузова-Каревска, во Извештајот главните забелешки во доменот на јавната администрација, корупцијата, судството и медиумите. Борбата со корупцијата, истакна таа, мора да продолжи и да биде ефикасна, особено во судството.

– Власта целосно да ги тргне рацете од судството и од медиумите затоа што тие се основата на демократското општество, рече меѓу другото Топузова-Каревска.

Таа изрази очекување дека набргу ќе се реши, како што рече, политичката криза во земјава и ја повика опозицијата и власта да ги надминат интересите на политичките партии и личните интереси за доброто на Македонија.

За пратеникот Кенан Хасипи, во однос на Македонија и Турција, ЕУ има двојни аршини. Сепак, потенцира, треба да продолжиме со реформите затоа што тие ги правиме за напредокот на нашето општство. Хасипи смета дека Извештајот во некои делови ќе беше подобар доколку опозицијата не влијаеше негативно со политиките кои ги практикуваше.

Што се однесува до измените во Законот за извршување на санкциите, се работи за воведување на мерката медицинско-фармаколошко лекување на сторителите на кривично дело полов напад врз дете до 14 години, кога постои опасност и натаму да врши такви дела. Мерката ќе се извршува на слобода во специјализирани медицински установи по издржување на казната затвор, а надзорот над извршувањето на мерката ќе го спроведува Управата за извршување на санкции. Во Регистарот на лица осудени за кривични дела за сексуална злоупотреба на малолетни лица и педофилија во моментот се евидентирани 125 лица, од кои 9 се ослободени.

Целта на измените во Законот за судски такси е да се мотивираат физичките лица да го користат електронскиот систем на достава, со што меѓу другото ќе се намали висината на судската такса за 15 проценти.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов