Извештај на ИРИ, СДСМ е најтранспарентна партија

Од:

СДСМ е најтранспарента партија, објави во својот извештај Меѓународниот републикански институт ИРИ- „Индекс на транспарентност на политичките партии“, за 2023 година, велат од партијата.

„Според извештајот, СДСМ е најтранспарентна партија во сите точки со кои се прави истражувањето, во однос на основните информации за партијата, пристап до информации од јавен карактер, финансиска транспарентност и комуникација или отвореност со членството и граѓаните. Според анализите и извештајот, СДСМ има најдобар резултат на Индексот на транспарентност (2023) во однос на сите останати политички партии.

-СДСМ бележи пораст и при ова мерење на активната транспарентност е оценета со „многу добра активна транспарентност“. Веб-страницата е надградена, добро уредена и содржи голем дел од анализираните информации. На пример, по објавувањето на Индексот на транспарентност на политичките партии (2021), на веб-страницата е воведена посебна категорија (подмени) „информации од јавен карактер“, каде јасно се структурирани сите информации, како што се: листата на информации од јавен карактер, програмите на партијата и основните акти на партијата, финансиските извештаи, годишните извештаи и годишните сметки, релевантните закони за работењето на политичките партии, стои во извештајот на ИРИ.

СДСМ има максимален број на поени во однос на финансиската транспарентност и извештајот на донации каде целосно ги објавила информациите, стои во извештајот. Анализата на Индексот покажува дека СДСМ е единствена партија која регистрите на донации и извештаите за донации ги има објавено во отворен формат. СДСМ има и најголема оценка и во однос на делот, комуникација со граѓаните- индикаторите ја мерат отвореноста на партијата, односно воспоставените механизми за електронска комуникација со граѓаните и членовите на партијата. Извешјот на ИРИ ги потврдува политиките на СДСМ за одговорно, отчетно и транспарентно работење во отворена и навремена комуникација со граѓаните“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Филипче: „Или си СДСМ или не си“

(ВИДЕО) Филипче: Алармантно, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарди евра на крајот на годината

Горан Наумовски