Во сведочењето на пратеникот Весел Мемеди од партијата Национална демократска преродба, за настаните од крвавиот четврток, рече дека пратеници од ВМРО-ДПМНЕ викале „тишина, тишина“ додека се пеела албанската химна за да се чуе подобро.
Пратеникот рече дека тогашниот претседавач на Собранието, наместо да им даде збор на Џеват Адеми и на Артан Груби, кои први се пријавиле за збор, Вељаноски збор му дал на пратеникот на Беса, Зекирија Ибраими, кој ја пееше химната на Албанија.
Потоа некој од пратениците ги известил дека се сами и дека немаат помош од полицијата.
Во сведочењето Мемеди им рекол на пратениците да ги извадат краватите за да не ги задават со нив, а на пратеничките да ги собујат штиклите.
„Извадете ги краватите оти со нив ќе не’ задават“, рече Мемеди.
Мемеди се присети дека некој од напаѓачите го влечел Стево Пендаровски, а Пендаровски викал:
„Немој, немој!“
Тој рече дека со негова помош го отстранил напаѓачот на Пендаровски. Тој рече дека до 22 часот не знаеле буквално што се случува, бидејќи биле затворени во една просторија.
Мемеди се присети дека едно лице носело оружје и како му биле поставени рацете.
Васко Маглешов