Изречени 48 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици, две лица приведени

Од:

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 12:00 до 16:00 часот, на територијата на државава е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, преглед на средношколци пред влегување во училишта, угостителски објекти и објекти за игри на среќа во непосредна близина на училиштата.

Како што информираат денеска од МВР, при контролата констатирани се три кривични дела од кои две по член 215 и 216 од Кривичниот законик.

– При преглед на патничко моторно возило „Пежо“ со винички регистарски ознаки, кај Б.Т.(21) и К.С.(24) двајцата од Виница биле пронајдени марихуана и таблети. Лицата се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. Констатирано е и едно кривично дело по член 284-а, бидејќи Р.М. (50) во Дебар возел такси возило без лиценца. При контролата санкционирани се 48 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, од кои 12 за возење без возачка дозвола…, се наведува во соопштението.

Од МВР посочуваат дека сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ