Изречени 38 санкции за автобуси што вршат превоз на ученици

Од:

Во текот на вчерашниот ден, во периодот од 06:00 до 10:00 часот на територијата на државава е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

Како што информираат од МВР, при контролата се санкционирани 38 возачи поради сторени сообраќајни прекршоци, а 13 возила биле упатени на вонреден технички преглед.

– Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ