Изречени 227 казни за непочитување на забраната за дотур на стока

Од:

За една година откако Градот Скопје ја воведе забраната за дотур на стока во центарот на градот, Министерството за внатрешни работи изрекло 227 казни.

„До Градот секојдневно стигнуваат поплаки од граѓани кои упатуваат на непочитување на Одлуката за забрана за вршење дотур на стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.

Градот Скопје апелира до дистрибутерите да ја почитуваат Одлуката, за да се намали сообраќајниот метеж во овие делови од градот, а со тоа да се намали и загаденоста.

Изминатиов период Градот Скопје и општината Центар заедно со МВР спроведоа акции за санкционирање на дистрибутерите што не ја почитуваат забраната, со цел расчистување на сообраќајниот метеж и застоите во централното градско подрачје и ослободување на тротоарите за пешаците“, се вели во соопштението на Град Скопје.

„Надлежноста за контрола и казнување на овој вид сообраќај ја има Министерството за внатрешни работи.

Советот на Град Скопје годинава донесе одлука за трајна забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот. Измените на Одлуката претставуваат дел од препораките на Владата на Република Македонија, со цел намалување на загадувањето.

Забраната во согласност со Одлуката на Град Скопје важи за центарот на градот, односно за потегот од улицата Франклин Рузвелт до Транспортниот центар, од булеварот Илинден до крстосницата кај ТЦ „Мавровка“, односно од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов до Јужен булевар, додека забраната согласно со Одлуката на Општина Центар важи за сите сервисни улици на територијата на општината.

Возилата за дотур на стока можат да се движат низ центарот да градот, а стока да носат во дуќаните само ако се паркираат на паркинзи, но не смеат да ја истовараат стоката застанувајќи на улица и на тротоарите“, соопштуваат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот