Обвинетиот Бојан Јовановски во телефонски повик кон Орце Камчев му вели дека се сомнева оти некој го слуша ниниот разговор, а пак, оштетениот Камчев тврди дека тоа не е така, бидејќи е сам и на пат и во тоа го убедува во текот на целиот разговор, вејеќи му дека ќе се слушнат подоцна.
„Почуствував дека разговорот го слуша уште некој“, вели Јовановски, а Камчев вели „Сам сум возам кола, одам на пат, сам возам. Овие разговори не се зборат пред никој, не сум дете“.
Потоа, во снимките се слуша дискусија меѓу Јовановски и Камчев како разговараат за надлежностите врз предметите од СЈО, откако тоа ќе престане да постои.
Камчев и Јовановски се кладат за тоа кој ќе ги превземе надлежностите за предметите на СЈО. Камчев вели „А надлежностите кој ќе ги преземе“, а Јовановски одговара „СЈО“.
Јовановски додека разговара со Камчев, телефонира, а обвинителката Ивана Трајчева на рочиштето рече дека тоа е повик со обвинетата Катица Јанева.
„На гости сум кај Орце. Седиме. Да знаеш дека останува при целиот наш.. Е така, ни лево, ни десно“, вели Јовановски во телефонски повик, а во позадина од повикот се слуша гласот на Катица Јанева.
По ова, Камчев го убедува Јовановски дека никој нема да знае за нивните договори, велејќи му дека двајцата имаат интерес во ова.
„Сумата и износот се договорена работа, ако двете страни се договорени. За љубов се потребни двајца, ти имаш интерес и јас имам интерес. Толку“, вели Камчев на Јовановски.
Адвокатот Сашо Дуковски по разговорот рече дека од разговорите не може да се заклучи ништо, дека станува збор за претпоставки. Бранителот Дељо Кадиев пак, посочи дека во снимките не се слуша гласот на Катица Јанева.
Во наредна снимка која Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција се слуша разговор меѓу Бојан Јовановски, Зоран Милевски, Ана Камчева и Орце Камчев.
„Од сите три опции, овие три лица за кои преговарам, договарам и ќе договорам. Прва постспка ќе е укинување на куќен притвор по основи кои ќе ви ги кажам и датуми ќе ви ги кажам. Дали во истиот момент или 10 дена подоцна, преку договори со странски компании ќе биде вратен пасошот. За сето ова ќе треба некаква гаранција“, вели Јовановски во разговорот.
„Сите патишта водат кон Сашо Мијалков, а Јордан Камчев не може да биде соработник на правдата се додека првиот осомничен не го посочи..“, објаснува Јовановски во еден разговор со Камчев, кој продолжува со “Втората варијанта ти е за делата ќе бидеш ослободен од сомнение и обвинување, едните работи ќе ги признаеш..”
Јовановски во снимките вели дека Камчев и Камчева треба да советуваат некого да биде внимателен при давање на исказот, а се споменува и „лажен исказ“.
„Правна логика нема првоосомничениот да биде соработник на правдата. Најубаво е на државата да дадеш штета, да нема обвинение, да нема ништо“, му појаснува Јовановски на Камчев.
Разговорот е меѓу Камчев, Камчева, Јовановски, Панделевски, посочи обвинителката Ивана Трајчева. Разговорот завршува со „На крајот сите ќе бидат среќни“.
И на оваа снимка, адвокатот Дуковски кој го застапува Јовановски вели дека не може да автентичноста се доведува во пашање.