„Изнајми велосипед“ завршува во петок

Од:

Проектот „Изнајми велосипед“ за оваа сезона завршува в петок, информира ЈП Градски паркинг – Скопје.

Оттаму велат дека за време на зимскиот период скопјани нема да можат да изнајмат велосипед.

Проектот „Изнајми велосипед“ е во функција 6-7 месеци од годината. Се става во употреба во оној миг кога тоа ќе го дозволат временските услови, на пролет, а завршува на 31 октомври секоја година.

Основан е во заедничка соработка на градот Скопје, Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје и Здружението на граѓани Еко Свест, во јули .2010 година. Негова примарна цел е велосипедот да се користи како превозно средство, особено во централното градско подрачје.

Покрај тоа, целта на проектот е велосипедите да се употребуваат за рекреативни и туристички потреби, како и за подигање на јавната свест за промена на навиките на граѓаните за употреба на алтернативни средства за јавен транспорт.

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје располага со 120 велосипеди кои можат да се изнајмата на четири локации – на јавното паркиралиште Треска, на јавното паркиралиште Градска болница, на јавното паркиралиште Општа градска болница „8 Септември“, и во општина Аеродром на зона D3 позади ТЦ Бисер.

Велосипедот кој е изнајмен од една постојка, може да биде вратен на друга.

Би можело да ве интересира

Левица: Извештајот на Европската комисија забележува дека ДПМНЕ подготвува европска престолнина на културата по вмровски рецепт за партиска контрола и нетранспарентно трошење

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски