Изминатото деноноќие два пожара во Кривопаланечко

Од:

Екипите на територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Крива Паланка изминатите 24 часа интервенирале на два пожара кои се случиле на отворено, едниoт во селото Конопница, другиот во село Добровница.

– Во село Добровница изгореа два хектара сува трева, еден тон сено и околу дваесетина родни дрвца. Пожарот настанал на приватен имот, а причината е невнимание на жителите. Во гаснењето и ликвидацијата учествуваше едно возило на ТППЕ со тројца пожарникари, а помогнаа и петмина жители на Добровница, информира Иле Коцевски, командир на ТППЕ Крива Паланка.

Пожарот во селото Конопница зафати борова шума. – Опожарени се речиси еден хектар борова шума, но нашите екипи дејствувале брзо и не дозволиле пожарот да се прошири и да настане поголема материјална штета, додаде Коцевски.
Според него, овој пожар настанал поради непочитување на забраната за движење во шуми која важи до 5-ти август годинава.

– Апалираме сите граѓани кои немаат дозвола да ја почитуваат забраната заради лична безбедност и зачувување на шумите, истакна Коцевски.

На подрачјето на општина Крива Паланка овој месец се случиле вкупно девет пожари од кои само еден е со помала материјална штета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во фабрика за автомобили – црн облак го покри небото над Барселона

А1он

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница

Жена изгоре во голем пожар во скопската населба Пинтија

Малолетник e повреден во пожар во стан во Центар

Горан Наумовски

МВР: Пожарот пламна во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“