Изминатите три дена 30 сообраќајки во Скопје

Од:

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Скопје се случиле 30 сообраќајни незгоди, информира СВР Скопје.

Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 12 сообраќајни незгоди, во пет од нив причинета е материјална штета, шест се со последици телесни повреди, во кои полесни повреди добиле 11 лица. Склучена е и една сообраќајна незгода во која возач на мопед добил тешки телесни повреди.

Во саботата сообраќајната полиција извршила увид на осум сообраќајни незгоди, од кои четири се со последица материјална штета, четири со последици телесни повреди во кои со полесни повреди се здобиле девет лица.

Вчера сообраќајната полиција извршила увид на 10 сообраќајни незгоди, од кои три се со последица материјална штета, пет со последици телесни повреди, во кои полесни повреди добиле пет лица. Случени се и две незгоди во кои еден пешак и еден велосипедист добиле тешки телесни повреди.

Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција санкционирала 103 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 14 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, седум возачи кои поминале на црвено светло на семафорот, 16 возачи кои за време на управување на моторните возила не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 36 возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани и 63 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и осум возачи на велосипеди со мотор, мопеди и мотоцикли кои за време на возењето на пат не го носеле заштитниот шлем на глава.

Со помош на специјалното возило „пајак“, како што информира СВР Скопје, отстранети се 84 возила.

Би можело да ве интересира

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски

Во недела ќе биде осветен Храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје