А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Изминатите 24 часа седум сообраќајки во Скопје, четири лица лесно повредени

by А1он27/03/2019 - 08:42210
Share0

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три била причинета материјална штета.

Добивај вести на вибер

Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 40 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, седум возачи поминале на крстосница на црвено светло, четворица возачи за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница, 11 возачи за не носење заштитен шлем, осум возачи за не користење сигурносен појас и 44 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 22 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца почетници, како и пет технички неисправни и 18 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 104 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 88 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ПОУ „Круме Кепески“ на подрачјето на општина Кисела Вода, со ученици од второ и четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.

soobrakajka

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:04

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски16/02/2026 - 11:1516/02/2026 - 14:58

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он14/02/2026 - 08:3614/02/2026 - 08:46

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски07/02/2026 - 12:3807/02/2026 - 12:39

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

Горан Наумовски04/02/2026 - 16:42

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски27/01/2026 - 15:0127/01/2026 - 19:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен