Измените на Законот за заштита од заразни болести пред Комисијата за здравство

Од:

Собраниската Комисија за здравство денеска треба да го разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на населението од заразни болести, по скратена постапка, во второ читање, откако вчера на пленарна седница беше усвоена потребата од негово донесување.

Во образложението на предложените измени и дополнувања стои дека Законот за заштита на населението од заразни болести ги уредува мерките за спречување на појавата, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивање на заразните болести и на инфекциите, правата и обвските на здравствените установи, правните и физичките лица, како и надзорот над спроведувањето на мерките, со цел на заштита на населението од заразни болести. Во услови за постоење на пандемија од Коронавирус COVID-19 се наметнала потреба од доредување на законските решенија во насока на предвидување на здравствени установи во кои ќе се лекуваат лицата заболени од оваа заразна болест, како и нови поголеми овластувања за надлежните инспекциски служби да вршат инспекциски надзор над мерките наредени во согласност со членот 58 став 1 од овој закон.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера, образложувајќи ја потребата за донесувањето на законот по скратена постапка рече дека таа произлегува од зголемената потреба за почитување на превентивните мерки за заштита од корона-вирусот.

-Се додаваат неколку членови, некои се менуваат. Некои од членовите кои се менуваат практично се однезуваат на измена на дело од уредбите кои беа донесени во време на вонредата состојба а се однесуваат на институциите во кои се лекуваат. Друг значаен дел е во однос на зголемување на ингеренциите на инспекторатите, рече Филипче.

Откако овој предлог од Министерството за здравство помине на матичната комисија за здравство и на законодавно-праваната комисија, тој повторно ќе се најде пред пратениците на пленарна седница.

Предлог за измени и дополнувања на истиот закон, завчера доставила и опозицијата. По таа точка ќе се расправа на седница која ќе се одржи на 29 октомври кога ќе биде ставен и ребалансот на Буџетот. Опозицијата предлага формирање нова комсија за заштита од болести. Составот на комисијата, на предлог на Владата, да го избира Собранието, а таа се предвидува да биде составена од 11 члена: по функција ќе членуваат министерот за здравство и директорот на Центарот за управување со кризи, а останатите 9 членови би биле тројца инфектолози, двајца епидемиолози, двајца микробиолози, еден имунолог и еден интернист.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on