Измените на Законот за пожарникарство прифатливи, одлучи собраниската Комисија за одбрана

Од:

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница заклучи дека Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пожарникарство, во прво читање, е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање.

Заменик-министерот за одбрана Арбен Љабеништа одбразложувајќи го Предлог-законот нагласи дека се работи за усогласување со Законот за територијална поделба на Република Македонија. Конкретно, се работи за противпожарните единици во Тетово и во Куманово, кои со измените треба да ги покриваат и Желино и Старо Нагоричане.

Според пратеникот Влатко Ѓорчев, со измените ќе се овозможи подобра операционализација.

– Локалната самоуправа во Куманово предводена од градоначалникот Зоран Дамјановски со години нема покажано никаков капацитет за справување со проблемите во општината, вклучувајќи ја и противпожарната заштита, која е на исклучително ниско ниво, истакна Ѓорчев, изразувајќи загриженост за, како што рече, неодговорноста на градоначалникот и запоставувањето на огромен број институции во општина Куманово.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието