А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Измените на Законот за минерални суровини пред пратениците

by А1он03/09/2018 - 08:20110
Share0

Собранието на Република Македонија денеска треба да расправа по измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, поднесени од 11 пратеници со различна политичка ориентација.

Следете a1on на Instagram Instagram

Предлогот е на дневен ред на 32. седница, а треба да се донесе по скратена постапка. Зад него стојат Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Мери Лазарова, Ивана Туфегџиќ, Кети Смилеска, Ирена Стефоска, Горан Милевски, Павле Богоевски, Сашко Атанасов, Диме Велковски и Ферид Мухиќ.

Македонската асоцијација на рударството (МАР) во јули годинава повторно апелираше да не се носат измените на Законот за минерални суровини по скратена постапка, туку претходно да се организира јавна дебата со сите засегнати страни. Предупреди дека измените ќе бидат штетни за рударството и дека се нелогични, недоречени и неприменливи во пракса. Како што рече тогаш претседателот на МАР Николајчо Николов, измените се тенденциозни и се туркаат заради добивање политички поени. Николов обвини и дека е нестручен пристапот во дефинирањето на измените.

На тоа возврати пратеничката Лилјана Поповска, квалификувајќи ги како невистини и манипулации изречените ставови на Николов. Не е точно, нагласи, дека измените се лоши и неприменливи, туку напротив, јасни се, логични и во насока на заштита на животната средина и здравјето на граѓаните.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Измените содржат забрана за цијаниди и сулфурна киселина при лужење и флотација во површински рудници за металични минерални суровини, обврска во техничката документација да стои јасно за какви постапки и хемикалии станува збор, обврска за финансиска гаранција на концесионерот во случај на еколошка катастрофа и продолжување на роковите за одговор на локалната самоуправа и државните институции на 60, односно 30 дена, наместо сегашните 15 дена, објасни Поповска.

Собранието на Република Македонија пред 32. седница на чиј дневен ред има уште две точки, треба да ја продолжи и 58. седница.

sobranie

Би можело да ве интересира

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03

Стоименов од АПИС: Предлог законот за игри на среќа содржи уставно спорни и дискриминаторски одредби

Предраг Петровиќ19/06/2026 - 12:5419/06/2026 - 13:08

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

Горан Наумовски10/06/2026 - 12:30

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Горан Наумовски26/05/2026 - 14:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто