Измените на Законот за легализација прифатени во прво читање

Од:

Измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти со кои се врши усогласување со Законот на катастар со цел примателите на социјална помош да добијат бесплатна изработка на елаборати денеска го поминаа првото читање во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески појасни дека со измените се предвидува воспоставување електронски регистар на приматели на социјална помош со цел точно да се утврди кои се социјално загрозени случаи и бесплатно да им се изработи елаборат за легализација.

Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, се работи за добар закон со кој на околу 40 илјади граѓани ќе им се помогне да ги легализираат своите дивоизградени објекти.

Покрај ова, на денешната седница во второ читање беа проследени и измените на Законот за градење во кој, како што истакна министерот Јанакиески, се вградени неколку мерки од програмата на Владата. Меѓу другото, се предлага сите пешачки премини кои ќе се градат или реконструираат во градските средини да бидат прилагодени за движење на слепите лица, а во станбените згради се предвидува еден од 10-те станови да биде адаптиран за хендикепирани лица. Со предлог измените и идните градби во градовите ќе треба да имаат приклучок за гас поради интенцијата за изградба на секундарна мрежа на гас. Се предвидува и идните градби од јавен интерес да имаат паркинг за велосипеди, а веќе изградените градби имаат рок од една година да се прилагодат на новите измени.

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба