А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Измените на Законот за јавни набавки на собраниска седница

by А1он09/11/2017 - 09:3109/11/2017 - 11:25128
Share0

Во Собранието на Република Македонија денеска попладне ќе се одржи продолжението на 19. седница на која на дневен ред е Предлог законот за изменување на Законот за јавните набавки, по скратена постапка со кој се предлага укинување на Советот за јавни набавки.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Целта на измените е да се отстранат непотребните бирократски процедури што доведуваат до намалување на ефикасноста и економичноста на постапките за доделување на договори за јавни набавки и го загрозуваат остварувањето на начелото на рационално и ефикасно искористување на јавните средства. Исто така, ќе се надмине непотребното преклопување на одредени надлежности на Советот за јавни набавки со други органи и тела кои имаат исти или слични надлежности во оваа област, стои во образложението на законот.

Советот за јавни набавки започна да работи на барањата за добивање согласност од 1 мај 2014 година. Во изминатиот период од формирањето, стои во образложението, извршени се повеќе анализи на ефектите од неговото постоење и може да се констатира дека работењето главно негативно влијае врз ефикасноста и економичноста на системот на јавните набавки, најчесто со пролонгирање на подготовката и зголемување на трошоците во постапките за јавна набавка (поради плаќање на надоместоци во процесот на добивање согласност), како и со субјективност во одлучувањето.

– Советот не успеа да ги оствари првичните цели поради кои беше воспоставен, односно неговите одлуки не доведоа до значително зголемување на конкуренцијата во постапките за доделување на договори за јавни набавки бидејќи нема значително зголемување на просечниот број на поднесени понуди. Насоките кои ги дава Советот ги принудува договорните органи во тендерските документации елементите за квалитет да ги сведат на минимум, иако постои ризик од несоодветно дефинирање на квалитетот преку техничките спецификации, наведува предлагачот на измените, Министерството за финансии.

Следете a1on на Youtube YouTube

Пратениците ќе одлучуваат и за измените и за дополнувањата на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата, двата во второ читање.

sobranie

Би можело да ве интересира

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on03/09/2026 - 17:4603/09/2026 - 17:57

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:47

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски02/09/2026 - 14:0502/09/2026 - 14:14

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Горан Наумовски01/09/2026 - 14:38

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Горан Наумовски31/08/2026 - 13:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео