Измените на Законот за акцизите пред пратениците

Од:

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 22. седница чија единствена точка на дневниот ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, по скратена постапка.

По завршувањето на оваа седница ќе продолжи 21. седница што започна во понеделникот. Пратениците треба да се изјаснат за Предлог на законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, измените и дополнувањата на Законот за користење и располагање со стварите на државните органи, сите во прво читање.

Пратениците ќе распрваат и за измените и дополнувањата на Законот за Царинската управа, по скратена постапка, како и за Предлог на одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход на носителите на лиценци за вршење на енергетски дејности за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2015 година и Предлог на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика за 2015-та.

Би можело да ве интересира

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи