Измени на триесетина закони на собраниските комисии

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, за транспорт, врски, за екологија и за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

Предлог – законот за престанување на важењето на Законот за поддршка на домашната музичка продукција, во прво читање, е на дневен ред на Комисијата за култура.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се Извештајот за работата на Регулаторната комисија за домување за период од 01-07-2017 до 31-12-2017 година, измени и дополнувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за животната средина, на Законот за воздухопловството, на Законот за внатрешната пловидба, на Законот за градење, на Законот за сигурност во железничкиот систем, на Законот за железничкиот систем, на Законот за домување, на Законот за комуналните дејности, на Законот за поштенските услуги, на Законот за просторно и урбанистичко планирање, на Законот за животната средина и на Законот за заштита на природата, сите во прво читање, поднесени од пратениците од владејачкото мнозинство.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе ги разгледаат измените и дополнувањата на Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, на Законот за образование на возрасни, на Законот за основното образование, на Законот за спортска академија, на Законот за просветната инспекција, на Законот за Педагошката служба, на Законот за отворените граѓански универзитети за доживотно учење, на на Законот за средното образование, на Законот за стручно образование и обука, на Законот за студентскиот стандард, на Законот за иновациска дејност, на Законот за Државниот испитен центар, на Законот за Бирото за развој на образованието, и на Законот за ученичкиот стандард, сите во прво читање, поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги