Изменет сообраќајниот режим на патот Жировница – Бошков Мост кај село Скудриње

Од:

На делницата Жировница-Бошков мост кај селото Скудриње од денеска ќе има изменет сообраќаен режим. Сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, а од 10 до 14 часот ќе биде целосно затворен.

– „Виадукт трејд“ од денеска ќе почне со изведување на градежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње, каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена. Регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00-14:00 часот ќе се изврши комплетно затворање на сообраќајот, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во временски период од 45 дена, информира Авто мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

Орце Костов

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска