Измамил старци дека ќе им продаде дрва и им одзел 12.000 денари

Од:

Непознат сторител измамил брачен пар и притоа им зел 12.000 денари.

Полицијата соопшти дека дека вчера во 10:45 часот В.Б.(73) од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 8:00 часот во неговиот дом од страна на непознат сторител бил измамен и му биле земени 12.000 денари.

Сторителот, како што посочува полицијата, измамата ја направил на тој начин што дошол кај пријавителот и му понудил да му продаде шест кубни метри дрва за 12.000 денари. Сторителот на В.Б. му рекол да оди до „Стаклара“ во Кисела Вода каде наводно бил неговиот плац за да ги види дрвата. Откако пријавителот заминал во „Стаклара“, сторителот се вратил во неговиот дом и од неговата сопруга, доведувајќи ја во заблуда, земал 12.000 денари и се упатил во непознат правец.

Полицијата работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тројца скопјани и струмичанец крадеа и убија две жртви во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат

Предраг Петровиќ

Бела ноќ повторно во Скопје

Предраг Петровиќ

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски