Измамена старица: лажен доктор и зел 150 илјади денари, ја убедил дека ќерка ѝ е повредена

Од:

77-годишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била измамена од непознато машко лице за сума од 150.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како доктор, информирајќи ја дека нејзината ќерка наводно паднала и се повредила додека ги шетала кучињата и дека е неопходна итна операција, за која требало да се обезбедат пари.

Жената, поверувајќи во приказната, ги оставила парите на договореното место. Подоцна, откако стапила во контакт со нејзината ќерка, сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес