Изложба на партизански слики во Музејот на тетовскиот крај

Од:

Изложба на уметнички слики посветена на борците на Третиот тетовски партизански одред и други борци од Тетово беше денеска отворена во Музејот на тетовскиот крај.
Посетителите имаа можност да погледнат оригинални ликовни дела изработени врз основа на фотографии на борците.

Од Здружението на борците од Тетово велат дека изложбата што ќе биде отворена во следните десет дена е почеток на одбележувањето на 69-годишнината од несреќниот настан во гостиварското село Беличица, каде што на 19 септември 1944 година, опколени од фашистичко-балистичкиот окупатор, по шестчасовна борба загинаа 19 борци на Третиот тетовски партизански одред, меѓу кои и народните херои Ѓоце Стојчески-Амбарче и Тодор Ципоски-Мерџан.

„Одбележувањето на овој и на други значајни датуми и настани од Нардоноослободителната борба е законска, цивилизациска , морална и, пред сѐ, наша човечка обврска и долг кон сите оние наши сограѓани од сите националности што се бореа и многумина од нив и ги дадоа своите животи за денешните придобивки“, вели Јовица Теофиловски , син на прежиеаниот борец од Беличица Сретен Тофиловски, кој со девет прострелни рани бил ослободен од страна на балистичкиот водач Џемо Хаса.

Присутните на изложбата уште еднаш го актуализираа прашањето околу проблемот со бистите на народните херои Тодор Ципоски-Мерџан и Ѓоце Стојчески-Амбарче.

Од локалните власти бараат тие повторно да бидат поставени на Градскиот плоштад, откако пред четири години беа отстранети поради неговата реконструкција.

Г.М.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски