А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Изложба на фотографии од Скопје по повод 50 години од земјотресот

by А1он13/05/2013 - 12:54110
Share0

Во Музејот на Град Скопје утревечер ќе биде отворена изложба на фотографии „78 спомени од албумот на еден пријател на Скопје“, која е донација од Италија по повод 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје.

Добивај вести на вибер

Донатор на фотографиите е Лучано Алиеви од Милано, кој во февруари годинава му ги подарил на музејот. Фотографиите се извадени од албум кој во годините по земјотресот од 1963 го издало Новинско-издавачкото претпријатие „Нова Македонија“. Алиеви го купил албумот во книжарница во Белград и бил трогнат зашто таква катастрофа го погодила и италијанскиот регион Абруцо.

– Негова желба беше да ги подари овие фотографии на градот на кој му припаѓаат. За Музејот на град Скопје донацијата е значајна бидејќи го збогатува фондот на фотографии од катастрофалниот земјотрес. Но чинот на донирање е уште позначаен бидејќи е израз на пријателство помеѓу македонскиот и италијанскиот народ, кои по несреќите делат исти судбини, соопшти МГС.

Изложбата ќе биде збогатена со едукативни содржини на тема „Катастрофален земјотрес“ и ќе трае до 29 мај.

skopje

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:09

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 13:29

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

Горан Наумовски23/01/2026 - 13:38

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Горан Наумовски10/01/2026 - 17:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен