Изложба на борбени средства, техника и опрема по повод Денот на АРМ

Од:

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, денеска од 9 до 17 часот ќе биде поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на Армијата на Република Македонија во пресрет на Денот на АРМ – 18 Август.

Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ соопштија дека тактичко-техничкиот збор може да го посетат граѓаните на Скопје и Република Македонија и да се дружат со припадниците на АРМ, а покрај материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, ќе биде прикажан и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.

Изложбата, која е во рамки на програмата за одбележување на Денот на АРМ, ќе ја посетат министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски