Изложба на борбени средства и опрема на АРМ

Од:

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска e поставена изложба на борбени средства, техника и опрема на Армијата на Република Македонија во пресрет на Денот на АРМ – 18 Август. Претставени се материјално-техничките средства, борбените возила и вооружувањето на АРМ, како и транспортниот хеликоптер Ми-8/17.

На изложбата, која е во рамки на програмата за одбележување на 22-риот роденден на АРМ, присуствуваа министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески.

– Тактичко-техничкиот збор е дел од активностите по повод Денот на АРМ, кој има цел да ги запознае граѓаните со средствата кои се во Армијата и се надеваме дека со вакви дружења ќе внесеме уште повеќе љубов на граѓаните на Република Македонија кон својата Армија, истакна министерот Јолевски.

Генералот Котески, пак, информираше дека оваа изложба е само дел од активностите кои се организираат по повод денот на АРМ и дека на изложбата граѓаните подетално ќе можат да се запознаат со борбените средства од одредени родови и служби, како оклопните единици, специјалните единици, логистиката…

На новинарско прашање поврзано со статусот на опремата со која располага АРМ и состојбата во моментот, Јолевски посочи дека денес, во споредба со состојбата на Армијата од пред една до две декади, направен е голем напредок.

– Ние мора да продолжиме и понатаму да ја зајакнуваме АРМ и да обезбедуваме што е можно посовремена опрема, со цел заштита на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, односно АРМ да остане да биде гарант на мирот во Македонија, рече Јолевски и додаде дека Македонија продолжува да биде дел од меѓународните мировни мисии и дека освен на НАТО, ќе се фокусира и на идните мисии на Обединетите нации.

На прашање за ребалансот на буџетот за оваа година и импликациите врз Армијата, Јолевски истакна дека во соработка со Генералштабот, изготвена е програма со која ќе нема посериозни промени во зацртаните планови на Министерството за одбрана и на Армијата на РМ.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски