Излезноста до 10 часот e 7,56 отсто

Од:

Државната изборна комисија соопшти дека излезноста во вториот круг од локалните избори до 10 часот на ниво на Република Македонија е 7,56 отсто.

Излезноста во Скопје е 7,14 отсто до 10 часот, односно правото на глас досега го искористиле 28.636 граѓни.
Најголема излезност е забележена во Струмица 14,47 отсто , најниска излезност има во Тетово.

Од скопските општини до 10 часот најголем број гласачи има во Ѓорче Петров 11,39 отсто, додека најмала излезност има во Шуто Оризари 4,16 отсто.

Портпаролот на ДИК. Билјана Јовановска информираше дека сите избирачки места се отворени навреме, краток прекин на гласањето имало на пет избирачки места во Кочани, но проблемот за кратко бил решен и гласањето било продолжено.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември