Излезност до 9 часот: Во Маврово и Ростуше – 5,52 отсто, Центар Жупа 5,69 отсто и Тетово – 2,58 отсто

Од:

До 9 часот излезноста на гласачите за градоначалници во Маврово и Ростуше и Центар Жупа изнесува 5,52 односно 5,69 отсто.

За советници во Тетово, до 9 часот гласале 2,58 лица.

Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи, од кои 84.072 во Тетово, 7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше.

Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.

Утрово сите гласачки места се отворени на време, и гласањето се одвива без проблеми, соопшти Државната изборна комисија.

Гласачите во Центар Жупа на овие избори имаат можност да гласаат за еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше за двајца кандидати за градоначалник.

За изборите за градоначалник да бидат успешни, потребно е на гласање да излезат најмалку една третина од запишаните избирачи, и мнозинството да гласа за еден од кандидатите, односно во Центар Жупа за единствениот кандидат за градоначалник.

Во Тетово на гласачкото ливче има 13 листи на кандидати за членови на советот на општината. Мандатите ќе бидат распределени според бројот на добиени гласови користејќи ја Д’Хонтовата формула.

Овие избори ги следат 49 акредитирани набљудувачи од една домашна и една странска организација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“

(ВИДЕО) Шабани: Сите изборни органи да ги следат насоките од ДИК и да не ги попречуваат медиумите во извршувањето на нивната работа

ОДИХР: Набљудувачите ги следат сите аспекти поврзани со изборите, не е битен само денот на изборите, туку и предизборните процеси

Обвинителство: Денешниот изборен ден поминува генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

Горан Наумовски