Излезеноста на локалните избори до 18:30 часот е 46,65 отсто

Од:

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Како што информира претседателот на ДИК Александар Кондарк, излегле да гласаат до 18:30 часот 803 091 граѓанин. Обработени се 3 287, односно 94,62 проценти од избирачки места. На овие 3.287 избирачки места запишани се вкупно 1 721 645 граѓани.

За споредба, на претходните локални избори 2021 вкупниот одѕив заклучно со 19:00 часот изнесувал 49,98 проценти.

Центар жупа, Маврово- Ростуше и Врапчиште имаат помалку од една третина излезени гласачи со пребројувањето до 18.30, што не е доволно за да може да биде избран градоначланик. Анко не излезат повеќе од една третиа, целокупанта изборна постапка се повторува во рок од 60 дена.

Би можело да ве интересира

Аријан Ибраим е старо – нов градоначалник на Општина Центар Жупа

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар

(ВИДЕО) Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК со пресек до 15 часот: Излезност од 18,18 отсто во четирите општини