Излевање на помалите реки во тетовско, Вардар и Пена на критично ниво

Од:

Помали реки низ дел од тетовските села Камењане, Порој, Речица и Фалише се излеаа од коритата поради долготрајните врнежи од дожд. Засега нема предизвикано поголеми поплави и штети.

– Континуираните врнежи од дожд предизвикаа проблеми на патиштата што се покрај реките како што е во Камењане. Денес, Општина Боговина организираше чистење во оваа населба за да можат возилата да се движат без потешкотии. Чистењето ќе продолжи и во другите делови на улиците или селата, каде што е потребно, изјави градоначалникот на Боговиње, Албон Џемаили.

-Со оглед на излевањето на реките во Порој, Речица и во Фалише од утринава вработените од секторот за комунални дејности работат на отстранување на штетите предизвикани од излевање на водите од реките во атарите на трите села, информираа од Општина Тетово.

Во горниот тек на реката Вардар во Општина Јегуновце водостојот се зголемил за 114 сантиметри, па соостојбата е критична и пред излевање. Според мештаните уште малку дожд ако врне ќе има нова поплава.

-По нивите продира вода, излегува на површината односно не се впива во земјиштето. Уште 15-20 сантиметри и може Вардар да излезе од корито, вели Горан Китановски од месната заедница на Раотинце.

Мештаните потенцираат на долгогодишниот проблем со неуреденото корито на реката Вардар како причина за поплавување.

-Коритото не е како што треба, уште малку ако има вода земјиштето ќе оди под вода. Потребни се два три дена врнежи и ќе надојде водата, изјави жител на Раотинце.

Голем водостој бележи и реката Пена во Тетово.

Би можело да ве интересира

Се излеаја фекалии, голем помор на риби во Вардар кај Градско

Катерина Ѓуровски

Нивото на Вардар во Скопје, Велес и во Демир Капија уште е високо

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нивото на Вардар кај Јегуновце, Велес и Демир Капија трипати повисоко од просекот

Катерина Ѓуровски

Се излеа Вардар кај Раотинце, поплавени куќи

Катерина Ѓуровски

Обилните врнежи го зголемија нивото на Вардар кај Јегуновце, во Скопје и во Велес

Пронајдено е телото на жената што се фрли во Вардар