Автомобил излета од коловоз, удри во дрво и паркирани возила – двајца потешко повредени

Од:

Две лица се потешко повредени, а едно полесно, откако патничко возило синоќа во 1:25 часот излетало од коловозот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје и удрило во дрво, а потоа во две паркирани возила.

Патничко моторно „Шевролет круз“ било управувано од 47-годишен В.Б од Скопје, а по излетувањето од коловозот удрило во паркираните „Опел Астра“ и „Фиат Пунто“, сите со скопски регистарски ознаки.

Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот Љ.С.(55) од Скопје, додека другиот сопатник Т.Г.(39) од Скопје се здобил со телесни повреди.

Возачот бил бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“, каде му била укажана лекарка помош, додека двајцата сопатници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски