Излеани реки во неколку региони

Од:

Поројниот дожд што зафати делови од Македонија предизвика излевање на водата од речните корита, поплави во некои населени места, прекини на патни правци и на снабдувањето со електрична енергија. Поплавени се замјоделски површини со житни и овошни култури, а направена е и материјална штета во велешкиот, штипскиот, струмичкиот и кумановскиот регион.

Во текот на ноќта и утрото, соопштуваат од ЦУК, добиени се информации за одрон на автопапатот Демир Капија – Удово и на патот Неготино – Штип кај Серта. Oд ЈП Македонија Пат се превземени мерки за расчистување на одроните.

Заради оштетување на железничката пруга кај Демир Капија од 08:55 часот во прекин е железничкиот сообраќај на правецот Демир Капија – Гевгелија. Сообраќајот се одвива до Демир Капија, стои во соопштението од ЦУК, од каде патниците со автобус се транспортираат до Гевгелија.

Од „Специјалниот завод“ во Демир Капија било добиено барање за испумпување на вода од подрумски простории. Известени се во ТППЕ Неготино од каде е испратена екипа за интервенција.

Скинат е и заштитен насип на река Бошавица во Демир Капија при што била поплавена ул.„Партизанска“ и се работи на санирање на насипот.

– Дојдено е до излевање на Војшанска река при што биле поплавени 10 – тина куќи во село Војшанци. Се чека да опадне нивото на водата за да може да се утврди штетата и да се интервенира. Настава во училиштето се одвива но заради надојдената вода нема пристап до училиштето. Од надојдените води оштетен е мостот на реката помеѓу селата Војшанци и Бистренци, информира ЦУК.

Во штипскиот регион заради обилните врнежи од дожд во месноста Глобица појавено е свлечиште на асфалтниот пат на патниот правец Киселица-Ратавици-Злетово во должина од 30-тина метри. Според ЦУК, нема загрозени станбени ниту инфраструктурни објекти.

Патниот правец кон Злетово е затворен, а возилата се пренасочуваат преку Леговец и Добрево. Екипа од Македонија пат работи на санирање на патот.

Во претпладневните часови дошло до излевање и на Блаталиска река во село Лакавица заради што биле исклучени пумпите од локалниот водовод. Има излевање и на Крива Лакавица при што се поплавени обработливи површини.

Зголемен е водостојот на реките и каналите во општина Чешиново – Облешево. Ободниот канал кај село Бање-Злетовска река прелива кај село Бање. Од подземните води во селата Уларци, Облешево и Чешиново поплавени се дворни површини.

Во општина Кочани пријавени се поплавени дворови во село Подлог Екипа од ТППЕ – Кочани интервенира на испумпување на водата од поплавените дворови.

Од општина Конче известуваат дека во моментот реката Конечка е излеана од речното корито и поради тоа е во прекин патниот правец Радовиш – Конче. Има одрони на патниот правец Конче – брана Мантово – Штип при што истиот е во прекин.

Има прекин на електричната енергија во селата Конче, Лубница, Ракитец и Габревци. Екипи на ЕВН се на лице место.

Патниот правец Смоквица – Миравци е во прекин поради излевање на Петрушка Река во близина на н.м. Милетково, до самиот мост. Како што информираат од ЦУК, екипи од „Македонија Пат“ оспособиле влез за селото Миравци од кај село Удово. Патниот правец кон н.м. Моин е во прекин заради излевање на Сува Река пред и по мостот.

Помеѓу 13:30 и 14:00 часот општина Валандово, соопшти ЦУК, била зафатена од пороен дожд проследен со ситен град. Регистрирано е излевање на река Вардар кај село Марвинци при што се поплавени 90 хектари со овошни насади и житни култури.

РЦУК – Куманово информира дека на локалниот пат село Шопско Рудари – село Коњух во месноста Врлеј дотечена е суводолица при што е поплавен дел од патот. Училишниот превоз на наставниците и учениците е оневозможен и наставата во село Коњух е во прекин.

Како критични подрачја каде е можно значително зголемување на водостојот и локално излевање на водата од речните корита, ЦУК ги посочува сливот на реките Брегалница, Крива, Треска кај месноста Пласница и низводно до Девичката клисура, Пчиња кај Пелинце и по составот со нејзината лева притока реката Крива, како и Струмичкиот регион.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите