Излеани делови од Црна и Брегалница, поплавени куќи во Кравари

Од:

Врнежите што ја зафатија Македонија го зголемија водостојот на реките. По течението на Брегалница се поплавени земјоделски површини, браната Калиманци е на прелив со околу осум метри кубни, а Црна Река достигна 3,36 метри и повторно е излеана на местата на пробините насипи во општините Могила кај селата Новоселани, Вашерејци и Лознани, како и кај Новаци.

Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, во Битолско се наврнати 28 литри на метар квадратен. Поради преполните канали и високите подземни води, поплавени се и неколку куќи во село Кравари.

Во Кичево до денеска се наврнати 20 сантиметри снег, а на повисоките места и околу 40 сантиметри. Од тежината на снегот оштетени се некои електрични водови и некои делови се без струја.

Сите патишта се проодни, а забрана за движење на тешки товарни возила има на превоите Стража и Пресека.

Проодни се патиштата и во Тетовско, а забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец за Попова Шапка.

Дирекцијата за заштита и спасување ја следи состојбата и доколку има потреба или барање од локалната самоуправа, подготвена е за брз одговор на терен.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава